Видео кое го обиколи светот: куче не сака да се одвои од сопственик

Дека кучето е најдобар пријател на човекот доказ е видео кое кружи на интернет, каде кучето не сака да се одвои од својот повреден сопственик.

Видео од куче кое не сака да се одвои од својот повреден сопственик ја обиколи планетата и на многумина насолзи.

Се вчитува...

На видеото се гледа како пријателите се обидуваат да го задржат кучето, додека медицинските лица од Брзата помош се обидуваат да го подигнат неговиот сопственик на носилки. Кучето потоа некако се ослободува од нивните раце, притрчува до сопственикот кој лежи и лежи врз него. Целото видео можете да го погледнете овде:

По многу труд, луѓето кои присуствувале на настанот успеале да го отстранат кучето од сопственикот, покривајќи му ги очите бидејќи бил многу агресивен во намерата да го „одбрани“ својот сопственик од околината. Уште еднаш кучињата не потсетија што значи лојалност.