ВИДЕО Кој е убиецот од Психијатриската болница во Бардовци: Слободно си шетал и пиел по кафеани, си снимал насилства!

Димитар Спасов, кој во 2012 година ја уби својата мајка, повторно изврши убиство – овој пат врз цимер во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, објави Скопје1. До инцидентот дошло по кавга за легло, а Спасов го усмртил со скршено стаклено шише.

Иако е сместен поради психијатриски третман, Скопје1 наведува дека Спасов често се движел слободно низ Ѓорче Петров, без полициски надзор. На социјалните мрежи отворено објавувал снимки со насилна содржина и дури се фотографирал во кафеани со алкохол.

Во установата, според истиот извор, не се почитувале основни безбедносни протоколи – консумацијата на алкохол била дозволена, а вработени пријавувале закани и притисоци од страна на Спасов.

Жртвата е лице со иницијали И.Т., а телото е предадено на обдукција. Спасов и натаму се наоѓа во установата, затворен во просторијата каде го извршил вториот грозоморен чин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.