Поврзи се

Свет

ВИДЕО: Конструкцијата на катедралата Нотр Дам спасена, Макрон: најлошото е избегнато

Париските пожарникари вечерва успеаја по неколку часа гаснење на пожарот во катедралата Нотр Дам да ја сочуваат конструкцијата на објектот во целина, јавија француски медиуми.

– Можеме да кажеме дека конструкцијата на Нотр Дам е спасена во целина, изјави Жан-Клод Гале, командант на пожарната бригада и додаде дека огнот е речиси изгаснат.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Лоран Њунез изјави дека и понатаму се внимателни во проценките, но се „многу поголеми оптимисти“ отколку претходно.

Пожарот го гаснеа повеќе од 400 пожарникари кои успеаја да спречат ширење на огнот на северната камбанарија.

Тие нагласија дека ќе останат да го гаснат пожарот и во текот на ноќта. Според првичните информации од истрагата, најверојатно пожарот случајно избил.

Пожарот првично го зафати поткровјето, по што се урна дел од кровот и врвот на централната кула што го држеа четири столбови високи 93 метри.

Notre-Dame cathedral fire

The moment the Notre-Dame cathedral spire collapsed. bbc.in/2UB3YnO

Gepostet von BBC News am Montag, 15. April 2019

The post ВИДЕО: Конструкцијата на катедралата Нотр Дам спасена, Макрон: најлошото е избегнато appeared first on ТВ21.


Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com