Свет

ВИДЕО: Ле Пен погодена со јајце во глава

ВИДЕО: Ле Пен погодена со јајце во глава

Претседателската кандидатка на екстремната десница на последните избори во Франција, Марин Ле Пен, била погодена со јајце во лицето, а медиумите објавија дека моменти пред инцидентот се слушнале пцовки против неа.

Како што може да се види на видеото објавено на Твитер, Ле Пен била удрена со јајце во средината на лицето по што ја наведнала главата и го покрила лицето со косата.

По лидерката на француската крајна десница се фрлаше со јајца и за време на претседателската кампања.

Покрај неа, истото го снајде и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој неодамна беше погоден со јајце при посетата на саем за угостителство во Лион.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни