ВИДЕО Лукашенко падна за време на хокеарски натпревар – погледнете ја снимката од инцидентот

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, падна за време на хокеарски натпревар меѓу тимот на лидерите на Белорусија и тимот на Брестската област, кој се одржа денеска во Минск и заврши без победник, со резултат 5-5.

На снимката се гледа како играчот на претседателскиот тим, број 68, поранешниот белоруски хокеарски репрезентативец Јарослав Чуприс, случајно го удри Лукашенко во грбот, што го предизвика неговиот пад, пренесува Известија. Чуприс веднаш му помогна на претседателот да се подигне.

Се вчитува...

Натпреварот се одигра во Олимписката арена во Минск.

Лукашенко и претседателот на Русија, Владимир Путин, веќе играа хокеј во 2021 година по нивната средба. Тогаш натпреварот се одржа во ледена арена за деца во Стрелна, Санкт Петербург, а поканети беа и искусни хокеари, претежно поранешни шампиони.

Путин и Лукашенко тогаш играа за „Белиот“ тим против „Црвениот“ тим. „Белиот“ тим победи со 18-7, при што Путин постигна седум голови, а Лукашенко два.