Македонија

ВИДЕО Мајка на повредено момче во пожарот во Кочани: Го напуштив работното место, мораше некој да остане покрај него!

ВИДЕО Мајка на повредено момче во пожарот во Кочани: Го напуштив работното место, мораше некој да остане покрај него!

Со потресно видео обраќање на социјалните мрежи, мајка на момче со тешки изгореници од трагичниот пожар во Кочани раскажа за болката и предизвиците со кои секојдневно се соочува нејзиното семејство. Таа сподели дека морала да ја напушти својата работа за целосно да се посвети на грижата за својот син, кој е во критична состојба и ѝ е потребна постојана нега, 24 часа дневно.

„Се грижев за болната мајка, а сега и за синот – мораше некој да остане покрај него. Го напуштив и работното место, немав избор“, вели мајката со солзи во очите.

Мајката вели дека до сега единствена поддршка добиле од хуманите граѓани, но никаков одговор или помош не стигнала од државните институции.

„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема… Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ апелира таа.

Момчето е лекувано во болница во Грција, но по отпустот било укажано дека целосното заздравување може да потрае и до една година, а можеби и подолго.

Семејството бара итна интервенција и поддршка од надлежните институции, посочувајќи дека борбата не е само медицинска, туку и економска, психолошка и човечка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни