ВИДЕО „Марш за ангелите“ во Кочани: Семејствата на жртвите од „Пулс“ не се откажуваат

И денеска, како и претходно, во Кочани се одржа „Маршот за ангелите“ кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Семејствата, со болка и револт, излегоа на улиците држејќи транспаренти и фотографии од своите најблиски кои трагично ги загубија животите.

Со маршот тие бараат правда и одговорност за трагедијата, потсетувајќи дека, и по повеќе месеци од несреќата, сè уште нема конкретни одговори ниту завршена истрага.