ВИДЕО Мечка ја „нападна“ скарата – изеде десет плескавици и испи кола

ЕДНА мечка решила да ги заслади работите кога во друштво на друг „колега крадец“ влегла во дворот на семејната куќа во Тенеси и видела скара.

Мечката се шетала околу скарата и го подигнала капакот со шепите, а потоа полека ги изела сите десет плескавици, додека пак не оставила ништо за другата мечка. Откако завршила со оброкот, соборила лименка кока-кола и го испила истурениот пијалок.

„Проклетите мечки ни ја изедоа вечерата“, напиша тиктокерот покрај видеото кое собра повеќе од 1,7 милиони прегледи и речиси 110.000 лајкови.

@melmelll7197 Damn bears ate our dinner tonight #bearweek #gatlinburgtennessee ♬ Paint The Town Red – Doja Cat

„Можете да видите дека има искуство“

„Убаво е што им оставивте нешто да јадат“, се пошегува еден тиктокер, додека друг искоментира: „А, пиеше и диетална кока-кола“. „Не сакаше ништо да сподели“, „Погоди џекпот“ и „Изгледа има искуство“, се само дел од многуте коментари.

Да потсетиме, неодамна беше објавено слично видео на кое се гледа како мечката се засладила кога скокнала на масата на семејна веселба, а многумина ја пофалиле реакцијата на мајката која го заштитила детето и решила да остане смирена.