ВИДЕО: Митровица како фронт, се пука од двете страни, состојбата надвор од контрола

По денешниот упад на косовската полиција и припадниците на Росy во Северна Митровица кога беа фрлени солзавец и шок бомби по што српската полиција отвори оган на демонстантите во моментов Митровица изгледа како фронт.

Во моментов се пука од двете страни, односно Србите на Косово возвратија на оганот од косовската полиција.

Да потсетиме, припадниците на косовската полиција денеска интервенираа со солзавец и шок бомби против насобраните граѓани во Северна Митровица, а малку подоцна пристигнаа и припадници на Росу од јужниот дел на градот. Во таа прилика, еден Србин беше тешко ранет, додека десетици Срби беа полесно повредени.

Снимките покажуваат рафали што одекнуваа низ Северна Митровица како среде војна, додека КФОР и останатите меѓународни институции на Косово не превземаат никакви мерки.