Македонија

ВИДЕО Мицкоски прозборе албански

ВИДЕО Мицкоски прозборе албански

Фокусот на јавноста е во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски. Синоќа во телевизиско интервју Мицкоски прозборе и на албански јазик.

Отворената војна со Груевски се базира на докази и информации кои стигнуваат до мене – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицксоки во интервју за Алсат. Тајните средби вели тој ги потврдил и Ахмети кој зборуваше дека Заев и Груевски ја договорале амнестијата. Зборувајќи за тоа дали има докази за функционирање на како што вели тој оската Ахмети, СДСМ и Груевски, тој спомена и материјали кои на УСБ ги добиле челниците на ДУИ.

За Груевски рече дека не му било јасно зошто одел на тие тајни средби, но и дека бил полн со омраза, самобендисаност и со лични фрустрации. Тој денеска на социјалните мрежи објави и фотографија со десната рака на Груевски, Гордана Јанкуловска а на прашањето која е пораката, кажа дека таа била жртва на политички прогон и дека партијата ќе се грижи за секој лојален член. Во однос на уставните измени, Мицоски рече дека тој и сите пратеници се истомисленици односно дека устваните измени не треба да се изгласаат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни