На врвот на Кораб албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб.
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Изет Шулку, албански државјанин, на својот Facebook профил и објави видео.
На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица. Од МВР сè уште не се огласиле за овој инцидент.
Од Либерално-демократската партија во соопштението до јавноста велат „во врска со инцидентот на врвот Голем Кораб, каде што албанскиот планинар Шулку ја искина и фрли македонската информативна табла, изразуваме длабоко разочарување, ваквиот чин е неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да не обединуваат, а не да не делат“, и додадоа дека „очекуваат одговорност и реакција од сите вклучени страни, бидејќи само преку заедничка осуда и преземање мерки можеме да спречиме слични инциденти во иднина. Ваквите постапки само го поткопуваат духот на заедништво и пријателство меѓу народите и создаваат непотребни конфликти. Спортот и планинарењето се активности кои ги надминуваат границите и политиката и треба да градат мостови на пријателство и соработка“.