Балкан

ВИДЕО Необична сцена на Крит: Мршојадец слета на лежалка меѓу туристите

ВИДЕО Необична сцена на Крит: Мршојадец слета на лежалка меѓу туристите

Необична глетка ги изненади туристите на плажата „Мармара“ на Крит, откако мршојадец се спушти меѓу капачите и удобно застана на една од лежалките.

Снимките од необичната средба брзо се појавија на социјалните мрежи. На видеото се гледа како птицата слетува на лежалка поставена под чадор за сонце, додека околните туристи ја набљудуваат.

Мршојадецот очигледно не бил вознемирен од присуството на луѓето. Напротив, останал на лежалката и ги раширил своите големи крилја, создавајќи несекојдневна сцена за посетителите на популарната плажа.

Снимката привлече внимание на социјалните мрежи, каде корисниците ја споделуваат необичната посета на птицата на едно од најпознатите туристички места на Крит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни