Централниот дел на Чиле со денови е под влијание на топло време, со многу високи температури. На некои локации се и до 40 степени, а времето е многу суво. На многу локации со месеци нема пороен дожд.
Поради моменталната временска состојба избувнаа бројни шумски пожари, а најкритична е состојбата во градот Галварино.
За жал, пожарите се проширија и во градските средини, каде пламените јазици загрозуваат бројни населби, куќи и други објекти, како и луѓе и животни.
Се евакуираат луѓе и животни од загрозените населби.
Среде пожарот се појави торнадо од пламен, а оваа појава ги фасцинираше сите пред себе.
Тој дополнително го подгреал пожарот.
За жал, топлото и суво време ќе продолжи и во наредните денови во централниот дел на Чиле, со температури до 40 степени, додека пожарите ќе продолжат да го загрозуваат шумското подрачје во планинските предели на централно Чиле.