Свет

ВИДЕО Невиден хаос во Турција на дербито на кое Барди даде гол! Фудбалер нокаутираше навивач

ВИДЕО Невиден хаос во Турција на дербито на кое Барди даде гол! Фудбалер нокаутираше навивач

Фудбалерите на Фенербахче ја славеа победата против Трабзон (3:2), кога навивачите на Трабзон истрчаа на теренот и сакаа да се пресметаат со нив.

Настана општ хаос, а потоа фудбалерите на турските гиганти, меѓу кои и српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, истрчаа во соблекувалната за да ги спасат од напаѓачите.

Во еден момент не се знаеше кој кого напаѓа, а неколку секунди подоцна соиграчот на Тадиќ, Мичи Бачуаи се обиде со нога да нокаутира навивач.

Непосредно пред тоа на теренот беше забележана тепачка меѓу играчите, а уште тогаш се вклучија и навивачите.

Во вторто полувреме шанса од клупата доби и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој со гол од слободен удар во 63 минута го врати во игра домаќинот, а Трезеге од пенал израмни на 2:2.

Сепак на крајот Фенербахче победи со 3:2, а Трабзон и покрај поразот остана трет на табелата, додека победникот е на второто место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни