ВИДЕО Нов инцидент во Белград: Со автомобил удрил во две докторки за време на молкот за жртвите

За време на денешното одбележување на 15 минути молчење поради трагедијата во Нови Сад, се случи инцидент во Белград.

Како што пренесува Нова.рс, две докторки биле удрени од автомобил.

Како и изминатите неколку недели, така и денеска лекарите вработени во Заводот за ментално здравје во Палмотиќева излегоа во 11:52 часот да им оддадат почит на настраданите во Нови Сад.

Во текот на 15-те минути молк на улица се појави автомобил кој со полна брзина ги „закачи“ двајцата лекари.

„Автомобилот не застана и удри во лекар, специјалист по психијатрија и млад колега, специјалист. За среќа, тие се стабилни. Полицијата веднаш дошла да утврди што се случило“, вели за Нова.рс лекар од овој Институт, кој побарал да остане анонимен.

Здравствените работници од оваа болница се во шок.

„Ние сме лекари кои се занимаваат со психичката состојба на пациентите, лекуваме луѓе од трауми, меѓу другото, и кој ќе ни помогне сега? Сите сме многу вознемирени и во шок“, нагласува докторката.

Од Институтот за итна медицинска помош наведуваат дека лекарките се полесно повредени.

„Нашиот тим пристигна во Палмотиќева. Две жени на возраст од 29 и 55 години се видно полесно повредени. Веднаш се пренесени во Ургентниот центар“, велат за Нова.рс од итната медицинска помош.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното