Цивилната гарда продолжува да го прегледува подрачјето каде што се случи тешката железничка несреќа и користи сите расположливи ресурси, вклучувајќи хеликоптери. При тоа е направен и снимок од воздух кој ја покажува состојбата на пругата.
При прегледот на подрачјето каде што се случила несреќата, е направена и снимка која ја прикажува моменталната состојба во Адамуз по трагичниот судар и излетувањето на возот од шините, при што се гледа и силата на ударот.
DIRECTO | Estas imágenes aéreas de la Guardia Civil muestran cómo está el lugar del accidente ferroviario en Adamuz https://t.co/OjDT8T5DK4 pic.twitter.com/FdMHFdPcZn
— EL PAÍS (@el_pais) January 19, 2026
По пругата се расфрлани работи на патниците и нивните тела, а присутни се и медицински екипи.
Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија, кога два воза излетале од шините, се искачи на најмалку 39, а бројот на повредени се зголеми на најмалку 73, од кои 11 се во тешка состојба.
Цивилната гарда моментално распоредила повеќе од 220 лица, вклучувајќи припадници на Јавна безбедност, сообраќајна и резервна група и Безбедносна група (GRS), како и хеликоптер и неколку дронови.
„Воз стар само неколку години“
Министерот за сообраќај, Оскар Пуенте, по несреќата изјави дека првиот воз кој излетал од шините бил стар само неколку години.
Тој истакна дека пругата на која се случила несреќата била реновирана во мај 2025 година, со инвестиција од 700 милиони евра.
Чудни околности
„Станува збор за несреќа во чудни околности“, призна официјалниот претставник на „Renfe“, додавајќи дека е „многу тешко да се дојде до заклучок за кратко време“.
„Ќе мора да се почека анализа на црните кутии и работа на истражна комисија.“
Претседателот на Генералниот совет на официјалните инженерски комори, Сезар Франко, во емисијата „Las Mananas“ на RNE, ја истакна „сложеноста“ на железничката несреќа во Адамуз, нагласувајќи дека за сега постојат само „хипотези“ и дека „нема официјални заклучоци“, што ќе одземе време.

