ВИДЕО Објавен моментот кога туристичката подморница почна да тоне во Египет

Неколку минути пред да се нурне во морето, екипажот на туристичката подморница Синбад им признал на клиентите дека не знаат да пливаат.

Патниците тие зборови ги сфатиле како шега додека не почнале да тонат, дознава руски LIFE.

Според очевидци, пред да заминат на туристичкото патување со подморница, туристите биле однесени со брод на околу километар од брегот. По некое време почнале да се качуваат на Синдбад, но подморницата наеднаш почнала да тоне. Во тој момент отворите на самоодното подводно возило беа отворени, а многу туристи не се симнаа ни до одделот за набљудување.

Како што пишува Life, тоа им го спасило животот.

Објавено е видео од моментот кога почнала да тоне

На социјалната мрежа Телеграм е објавено видео од моментот кога подморницата почнала да тоне.

Видеото подолу може да биде вознемирувачко за некои читатели. Вие гледате на сопствен ризик.

Да потсетиме, несреќата со туристичката подморница Синбад се случи вчера во египетското летувалиште Хургада, во која загинаа шест лица, од кои две деца. Уште 27 туристи се здобиле со повреди со различен степен на сериозност. Сите туристи на подморницата биле од Русија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното