Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска бил застрелан во градот Хандлова, каде се одржувала седницата на Владата. Недолго по инцидентот, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа местото на пукањето.
Имено, Роберт Фицо по седницата излезе пред Домот на културата каде ги поздрави луѓето и во тој момент се слушнаа истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница.
„Слушнав три или четири истрели. Видов како Фица ја креваат од земја. Полицијата го уапси напаѓачот“, го опиша инцидентот новинар од терен за Aktuality.sk.
Footage of Slovak Prime Minister Fico being taken to his car following assassination attempt. pic.twitter.com/jVkEtGZ87M
— Clash Report (@clashreport) May 15, 2024
Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат. Како што пренесуваат тамошните медиуми, состојбата на Фица е тешка.
Словачкиот медиум Diary N објави дека разговарале со двајца постари мажи кои биле во близина на Фица во моментот на пукањето.
Отидов да му подадам рака“, рекол еден од нив.
„Потоа се слушнаа истрели“, додаде тој.