Балкан

ВИДЕО Објавена снимка од пронајденото буре со тело во соседна Србија

ВИДЕО Објавена снимка од пронајденото буре со тело во соседна Србија

Во близина на Инѓија, во селото Јарковци, пронајдено е тело во буре, а како што соопшти Вишото јавно обвинителство во Инѓија, се сомнева дека станува збор за Александар Нешовиќ.

„Во буре, кое е ископано на територијата на општина Инѓија во присуство на јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство во Белград, полицијата и форензичките експерти, пронајдено е тело за кое се верува дека му припаѓа на оштетениот А. Н., по кого се трагаше“, соопшти обвинителството во Инѓија.

Да ве потсетиме дека потрагата по телото на Александар Нешовиќ Баја, за кого постои сомневање дека е убиен во ресторанот „27“ во Сењак, трае веќе девет дена. За ова убиство се уапсени десет лица, меѓу кои и Веселин Милиќ, началник на Управата за градска полиција во Белград, кој беше разрешен од функцијата истиот ден.

Голем број полицајци и жандармериски службеници го бараа телото на Нешовиќ, а пред неколку дена се придружија и единици на српската армија. Пребарувањето е концентрирано околу Јарковачкото езеро, недалеку од Инѓија.

Се сомнева дека Саша Вуковиќ Бошке е лицето кое го застрела Нешовиќ пред полицајците во ресторанот, чие тело потоа беше однесено на непозната локација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни