На социјалните мрежи е објавена видео-снимка од крадците кои во недела, 19 октомври, го ограбиле Лувр. На снимката се гледа како двајца крадци се спуштаат со дизалица по кражбата и потоа се качуваат на скутери за да побегнат.
Снимката е забележана од камери на соседна зграда, но не е точно утврдено која зграда е тоа. Еден од крадците носи жолт елек, типичен за работници, а другиот кацига. Интересно е што на снимката се гледаат смиреност и прецизност при извршувањето на кражбата.
Неколку секунди по спуштањето, тие се обиделе да ја запалат корпата, но не успеале. Лувр има периметрални камери, но дел од нив се стари и не ги покриваат целосно фасадите на музејот. Камерата на страната на Галеријата Аполо, каде што се случила кражбата, е насочена кон запад и не го покрива балконот преку кој бил извршен упадот.
Според проценките на музејот, вредноста на украдениот накит изнесува 88 милиони евра.
Инцидентот ја потсетува јавноста на ранливоста на безбедносниот систем во големите музеи, дури и кога се користат современи технологии.