Балкан

Видео од безбедносната камера – еве како се случи сообраќајката на автопатот Тетово-Гостивар во која загина 51-годишна жена

Неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни