Свет

ВИДЕО: Од урнатините во Турција спасено девојче!

ВИДЕО: Од урнатините во Турција спасено девојче!

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува речиси 2.000, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

На Твитер се прошири видео во кое може да се забележи дека од урнатините е извлечено девојче.

Погледнете како изгледаше тоа:

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни