ВИДЕО Откриена прва статуа на Исус Христос во Албанија – наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро

Во северниот албански регион Никај-Мертур, во планинскиот дел на градот Тропоја, е поставена првата статуа на Исус Христос во Албанија. Споменикот наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро, прикажувајќи го Христос со раширени раце.

Статуата е изработена од Сокол Ндуе Прогни, локален жител, кој се потрудил да ја долови сличноста со оригиналот од Бразил. На церемонијата на откривање присуствуваа претставници на црквата, локални жители, како и гости од различни делови на Албанија и од дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е резултат на напорите на верници и локални организации, со цел да се создаде нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Организаторите и жителите веруваат дека статуата ќе стане популарна туристичка дестинација и ќе привлече посетители од земјата и странство.