Островската држава Кирибати е првата земја во светот која влезе во Новата 2025 година. Набргу потоа славеа Нов Зеланд и Австралија.
Како и секоја година, во пристаништето во Сиднеј беше организирана гламурозната новогодишна ноќ со спектакуларен огномет.
Нов Зеланд го имаше истиот пречек, а огномет беше истрелан од скај кулата Окленд.
Островите Бејкер и Хауланд се последните кои влегуваат во 2025 година.