Овој специјалитет стана вирален хит на ТикТок, помеѓу туристите кои го посетуваат Скопје но и во Србија каде медиумите пишуваат за него.
Турист кој неодамна го посетил Скопје, беше изненаден од специфичен локален деликатес, бурек во леб, познат како симит-погача.
Овој специјалитет стана вирален хит на ТикТок, каде авторот на видеото го сподели своето искуство.
„Празен, ултра масен бурек завиткан во кифла, која ги впива маснотиите, а лебот протекува насекаде“, го опишал своето неверојатно откритие.
@paqito__Furna, Čair, Skoplje Šta kažete na burek u hlebu?
Симит-погачата е уникатен скопски специјалитет кој речиси исклучиво се произведува и продава во Скопје.
Овој специјалитет се состои од леб и мрсна пита без фил, слично на бурек.
На прв поглед е чудна комбинација, но кога ќе ја пробате, брзо ќе сфатите зошто е толку популарна меѓу скопјани.
Иако го носи името симит, овој специјалитет е препознатлив како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е познат како пунџа слична на македонска геврек.
Традиционалниот појадок во Скопје, симит-погача, најчесто се служи со јогурт или чај, а секако е специјалитет што не може да се најде насекаде во Македонија, но е карактеристичен за главниот град.