ВИДЕО Пак пропадна булеварскиот влез во Битола

Советникот во Советот на Општина Битола, Иван Чулакоски од „Поинаку“, објави видео од новиот булеварски влез во Битола, кој, според него, се распаѓа и тоне.

„Булеварскиот влез што се брзаше пред изборите продолжува да тоне и да се распаѓа. Како што најави новиот претседател на советот, очекуваме санкционирање и одговорност од градежната компанија, бидејќи толеранција нема да има“, напиша Чулакоски.