Наука и технологија

ВИДЕО Почна целосното помрачување на Сонцето — прво во Европа по повеќе од две децении

ВИДЕО Почна целосното помрачување на Сонцето — прво во Европа по повеќе од две децении

Американската вселенска агенција НАСА во живо го пренесува денешното целосно помрачување на Сонцето — еден од најфасцинантните астрономски феномени. Сите љубители на вселената и астрономијата можат да го следат овој спектакуларен настан во реално време преку социјалната мрежа X (Твитер) и официјалниот YouTube канал на агенцијата.

Ова е прво вакво небесно зрелиште на Земјата по повеќе од две години. Феноменот се случува кога Месечината поминува директно помеѓу Сонцето и Земјата, фрлајќи густа сенка врз нашата планета која во одредени делови од светот целосно ја блокира сончевата светлина.

Денеска Сонцето целосно „исчезнува“ над делови од Северна Русија, Гренланд, Исланд, Северна Шпанија и Североисточна Португалија.

За континентална Европа, ова е прво целосно помрачување на Сонцето по 1999 година. Дополнително, во Шпанија ова е прва тотална соларна еклипса видлива од копното уште од далечната 1905 година — и воедно прва од трите што ќе ја зафатат оваа земја во периодот од 2026 до 2028 година.

Додека тесен појас на Европа ужива во целосна темнина, засенчувањето во поголемиот дел од Европа, Африка и Северна Америка се гледа како делумно.

Во нашиот регион и Македонија, феноменот исто така се забележува како делумно помрачување во доцните попладневни часови, непосредно пред зајдисонце.

Последното големо помрачување видливо во Северна Америка се случи во април 2024 година, додека претходното целосно помрачување во континентална Европа датира од 2006 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни