ВИДЕО: Погледнете како е зад воланот на Ламборџини Миура

Овој луксузен автомобил блесна во полн сјај, а сега имаме и можност барем на видео да видиме како е да се биде зад воланот на овој спортски автомобил.

Првично, автомобилот црпел енергија од 3,9-литарски V12 мотор со 350 КС (260 kW), а во 1969 година доби уште 20 „коњи“.

Најновата верзија, „Miura SV“ од 1971 година, имаше 385 КС.

Дизајнот е благодарение на куќата на Бертоне, а автомобилот претрпе мали стилски промени во текот на седум години производство.

Еве како е да се вози ваков „ѕвер“: