Данил Медведев повторно се погрижи да биде интернет ѕвезда.
Григор Димитров успеа да го совлада Данило Медведев со 6:3, 6:7(4), 7:6(2), па третиот тенисер во светот веќе во второто коло го заврши учеството на Мастерсот во Париз.
Medvedev teasing the crowd 😂🤣 pic.twitter.com/CnvTV9tvUK
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 1, 2023
Публиката неколку пати упати навреди кон Медведев, а тој не е познат како некој што христијански ќе прифаќа вакви пораки. Особено што добро зборува француски и често во текот на кариерата тренираше во Франција благодарение на тренерот Жил Сервара.
Постојано се жалеше на судијата, бараше од него да реагира, но тој не остана смирен на провокациите на публиката.
Medvedev vs the Paris crowd again 😭 pic.twitter.com/GG2a8Gsfmw
— zah pasta (@zahirahmdzaman) November 1, 2023
Мавташе со рацете, ги замолкна и тоа се претвори во вистинска отворена војна.
Русинот го загуби фокусот, а на крајот Бугаринот го доби третиот сет тај-брејк.
