Денеска за време на блокадата пред Медицинскиот факултет, постар маж му пришол на чувар во жолт елек и извадил нож.
Во тој момент другите чувари и студенти го разоружале тој човек.
И за време на блокадата пред Правниот факултет, постар маж во автомобил со палка ги нападна студентите, во обид насилно да се пробие.
Најтешкиот инцидент се случил вчера, кога студентка на Правниот факултет во пресрет на блокадата била удрена од автомобил додека стоела на тротоар, при што тешко била повредена.
Таа е во Клиничкиот центар и е во добра општа здравствена состојба и најверојатно во понеделник ќе биде пуштена дома, како што рекоа од таа установа.
Novi Sad kod medicinskog fakulteta pic.twitter.com/h9ls9tnqSO
— ♥️ Pure love ♥️ (@purelovealwayss) January 17, 2025