Суперјахта од 41 метар се запали вчера во Сен Тропе, предизвикувајќи загриженост дека може да потоне во пристаниште кое го посетуваат богатите и славните во текот на летото, објавија француските медиуми. Пожарникарите поставија бариера против загадување околу „Си Лејди II“, луксузна јахта чија изнајмување чини повеќе од 80.000 евра неделно.
Два часа по избувнувањето на пожарот, пожарникарите пријавија тешкотии при качувањето на бродот, а снимките на социјалните мрежи покажаа густ црн чад како се шири околу пристаништето.
„Брзо ги преместивме околните јахти и поставивме бариери против загадување“, изјави портпаролот на противпожарната служба за АФП. Тој додаде дека „веројатно“ ќе потоне во пристаништето и дека причината за пожарот е под истрага.
Изградена во 1986 година, последен пат реновирана во 2024 година.
Јахтата е изградена во 1986 година и последен пат реновирана во 2024 година. Има екипаж од осум лица и може да прими десет гости. Секоја од петте кабини има бања, според веб-страницата на „Чартерлинк“, една од агенциите што ја изнајмуваат.
Суперјахти од целиот свет почнуваат да пристигнуваат во Сен Тропе и блиските пристаништа во Франција и Италија за почетокот на летните одмори, а јахти вредни стотици милиони долари се закотвени по должината на медитеранскиот брег.
