Македонија

ВИДЕО Пожарот на планината Готен се поопасен, загрозени се викенд-куќи и населени места – потребна е итна помош

ВИДЕО Пожарот на планината Готен се поопасен, загрозени се викенд-куќи и населени места – потребна е итна помош

Ситуацијата со пожарот на планината Готен станува сѐ поопасна и драматична, информираат од Територијалната противпожарна единица Берово (ТППЕ).

Пожарникарите, заедно со екипите од ШС Малешево, се веќе 24 часа на терен, но нивните ресурси се при крај, а огнената стихија брзо се шири кон месноста Широки Дол, каде што се загрозени викенд-куќи и населени места.

„Ситуацијата е најлоша што може да биде. Потребна ни е помош – веднаш и масовно. Ги повикуваме младите луѓе, компаниите, граѓаните од Берово и околните населени места да се организираат и приклучат во гаснењето на пожарот.

Малешевијата и порано знаела да се организира – сега е моментот повторно да покажеме единство и храброст! Да не дозволиме оваа природна катастрофа да прерасне во трагедија. Потребни се доброволци, алат, возила и сè што може да помогне во гаснењето! За повеќе информации и приклучување, јавете се или дојдете директно кај ТППЕ Берово“, стои во итниот апел од ТППЕ Берово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни