Свет

ВИДЕО: Пред нападот, атентаторот објавил видео: „Го мразам Доналд Трамп“

ВИДЕО: Пред нападот, атентаторот објавил видео: „Го мразам Доналд Трамп“

Томас Метју Крукс (22) е идентификуван како напаѓачот кој се обидел да го убие поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во соопштението на ФБИ се наведува дека Крукс е од Бетел парк, Пенсилванија, пренесува CNN. Трамп беше повреден во пукање вчеравечерта за време на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.

Вооружениот напаѓач и еден посетител се убиени, соопшти тајната служба. Уште две лица кои присуствуваа на митингот се тешко повредени.

Според информациите од полицијата, тој и претходно бил познат по своите екстремни ставови и повеќе пати учествувал во насилни инциденти и дека бил дел од радикални групи кои промовираат драстични акции против оние кои ги сметаат за непријатели.

Тој пред атентатот објави видео на социјалните мрежи во кое вели:

„Јас сум Томас Метју Крукс. Мразам републиканци, го мразам Доналд Трамп“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни