ВИДЕО Прекрасна елка, сè свети, но еден детал ќе ве шокира: Погледнете внимателно што се крие меѓу гранките

Следниот клип привлече внимание на TikTok, особено кога се наближуваат божиќните и новогодишните празници.

Една жена побрза да ја украси својата елка, а потоа следеше шокантно откритие кое мораше да го сподели со своите следбеници на популарната мрежа.

Во преден план е блескава елка, украсена со лампиони, светки и машнички, но ако погледнете внимателно, ќе сфатите дека ве набљудуваат пар зачудени очи!

@brettbratt359

I don’t understand how this thing is in my house right now.

♬ original sound – Brett

„Не разбирам како заврши во мојата куќа, бидејќи вратата не ја оставам отворена“, напишала авторката на видеото и признала дека била исплашена.

Дали го забележавте „непоканетиот гостин“? Станува збор за опосум кој некако се прикрал во топол дом и нашол скривалиште во елката.

„Се обидувам да го извлечам, но тој не сака. Нема кој да ми помогне“, рекла жената.

Подоцна објавила уште едно видео, во кое објаснила дека седела на каучот кога „слушнала кивање“. Почнала да бара низ собата изворот на звукот и наишла на опосум.

Животното го фатила со помош на партнерот и го вратила во природата, пренесува Yahoo News.

@brettbratt359 Up close and personal with the christmas possum 🎄 #possum #christmas #opossum ♬ original sound – Brett