ВИДЕО Прекрасни сцени: Деца во народни носии го пречекаа Новак, едно дете доби специјално изненадување

Новак Ѓоковиќ на последниот ден од годината го игра првиот официјален натпревар во новата сезона во Австралија. Ѓоковиќ ќе ја претставува Србија на Јунајтед купот во Перт, а прв противник ќе му биде Кинезот Жижен Жанг.

Како и обично во Австралија, Новак го следи голема поддршка од српските навивачи, а така беше и во Перт.

Тој беше пречекан од армија српски фанови, а една сцена особено ги воодушеви сите.

Мали деца облечени во српска народна носија го чекаа Ѓоковиќ со желба да се сликаат и да се простат од идолот. Виктор Троицки, кој беше со Новак, му ја подари капата на Новак на едно дете.

Освен тоа, се вееја и бројни српски знамиња, па нема сомнеж дека Србија ќе има голема поддршка.

Децата пред тоа одиграа коло и за Ѓоковиќ и за српскиот тим.