Македонија

ВИДЕО: Премиерот со државната „Шкода“ прв направи кругче по новиот ескпресен пат Крупиште – Кочани

ВИДЕО: Премиерот со државната „Шкода“ прв направи кругче по новиот ескпресен пат  Крупиште – Кочани

Премиерот Димитар Ковачевски прв направи кругче по новиот експресен пат Крупиште – Кочани. Тој со државната „Шкода“ заедно со Министерот за транспорт и врски возеа по овој нов пат.

„Како што ветивме и сигурно се сеќавате дека пред еден месец дадов задолжение да се завршат последните активности од изградбата на оваа делница, еве нѐ денеска тука за да го исполниме тоа ветување. Наредна година очекувам да имаме уште многу вакви настани со кои ќе означиме брзо и динамично подобрување на инфраструктурата во земјата. Северна Македонија мора да се развива, а инфраструктурата е важна алка со која обезбедуваме забрзан економски развој. Ако се работи напорно и посветено, нема недостижна цел“ рече премиерот.

Тој напомена дека „со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што го забрзуваме и олеснуваме патувањето за граѓаните од овој крај. Се намалуваат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ се зголеми безбедноста во сообраќајот“.

„Со денешното ставање во функција на останатите 13,7 километри од делницата, во вредност од 18 милиони евра, целосно ја заокружуваме изградбата која се одвиваше во две фази. Средствата и за првата и за втората фаза од изградбата беа обезбедени од заем од ЕБОР“ рече Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни