Македонија

ВИДЕО Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

ВИДЕО Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Денеска (15.11.2023) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Д.К.(44) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена лабораторија за производство на марихуана со околу 150 садници, ламби, вентилатори и друга опрема, како и неколку шприца со кафеава материја, марихуана и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни