Градежен инцидент се случил во Ѓорче Петров – при бетонирање на нов објект на улицата Партизански одреди, бил пробиен ѕид од соседна станбена зграда.
Според сведоци, работниците кои работеле на висококатница ја оштетиле конструкцијата, по што целиот свеж бетон завршил во скалишниот простор на веќе постоечката зграда, пренесува Сител.