ВИДЕО Продолжува блокадата на РТС: Наместо утринска програма – филм, дневникот без водител!

Граѓаните и студентите ја продолжија блокадата на зградата на Радио-телевизија Србија на улицата Таковска, која трае од неделата навечер.

Утрово некои од вработените на РТС се обиделе да влезат во зградата, но, како што јавуваат присутните на социјалните мрежи, „се откажале по убедувањето и аплаузот“.

РТС утрово не ја емитуваше утринската програма, иако беше најавена како и секое утро од 5:55 до 8 часот. Наместо утринската програма, на првиот канал на РТС утрово се емитуваше филмот „Егзодус: Богови и кралеви“ со Кристијан Бејл во главната улога.

Ниту вестите, кои секое утро се емитуваат во 7 часот, не беа емитувани утрово. Гледачите на РТС вестите можеа да ги погледнат еден час порано, во 6 часот, но без водител и со однапред подготвени прилози.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното