ВИДЕО Протести и во Штип, интервенираше и пожарната

Попладнево на повеќе локации низ земјава се одржуваат протести поради одземањето на возила, при што на одредени места дојде и до нарушување на јавниот ред и мир.

Во Штип, демонстрантите запалија гуми на улица, по што интервенираше Пожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата.

Надлежните служби ја следат состојбата и апелираат до граѓаните протестите да се одвиваат мирно и без загрозување на безбедноста и имотот.