Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија, објавија медиумите.
Порталот Камник.инфо објави дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице.
Полицијата утринава соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите не можеле да излезат на местото на настанот.
Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и делови од централна Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.
Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од северна, северозападна и централна Словенија паднале над 100 милиметри дожд во рок од 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи.
Според прогнозата, се очекува дождот да продолжи да врне и во сабота, а за тие делови од земјава е издадено црвено предупредување бидејќи реките во некои делови веќе се излеани.
Во Коменда, северно од Љубљана, поради поплавите беше прогласена вонредна состојба, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи сите патишта се блокирани, пренесе агенцијата СТА.
Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на земјата, вклучително и долината Личница во општина Медводе северозападно од Љубљана.
Врнежите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и во северозападниот регион Горење.
Најлоша е состојбата во областа Шкофје Лока, во долините Селац и Пољана, кои се отсечени од светот поради поплавените патишта.
Во поширокото подрачје на Шкофје Лока поплавени се станбени, деловни и други објекти, а одрони им се закануваат на куќи и патишта.
Свлечиште во Требија оштети пожарникарско возило, а во Цирје поплавени се повеќе од 100 згради, меѓу кои и неколку деловни објекти, додека повеќето патишта беа непроодни.
Поплавите и свлечиштата блокираа и неколку патишта во западниот град Идрија, каде што луѓето се повикуваат да не ги напуштаат своите домови, освен кога е потребно.
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи регистрираше повеќе од 1.000 инциденти поврзани со временските услови во рок од 12 часа низ Словенија, при што беа распоредени околу 170 противпожарни единици.
A catastrophic flooding event is unfolding in northern Slovenia right now as multiple long-duration rounds of heavy thunderstorms have pounded the region for hours last night. The bad news is that even more rain is expected in the next few hours. Just a terrible situation. pic.twitter.com/6dUl8Zh2sc
— Nahel Belgherze (@WxNB_) August 4, 2023
Во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од поплавените згради, ги спасувале поплавените возила, ги отстранувале остатоците од под мостовите и обезбедувале одрони.
Луѓето се евакуираат
Луѓето беа евакуирани од најмалку три кампови. Многумина нашле засолниште на покривите, каде што чекаат да бидат евакуирани со хеликоптер.
Куќи беа поплавени, а патиштата беа блокирани и во други делови на Словенија, вклучително и во регионот Толмин и Корушка.
Најобилни врнежи се забележани од четвртокот од 16 часот до четири часот утринава на метеоролошките станици Пасја Раван северозападно од Љубљана со 182,7 милиметри на метар квадратен и Вогел и Рудно Поље на Алпите со над 170 милиметри.
This is what my home looks like. Severe floods have taken over Slovenia(where I live), I wish everyone is well, luckily for me, the damage is only material. God Bless 🙏☝️ pic.twitter.com/liOwZxFAyx
— Cool Guy AI (@VeryCoolGuyAI) August 4, 2023
Повеќе од 150 милиметри дожд е забележан на аеродромот во Љубљана.
Драматично спасување на жена
Драматично видео пристигнува од словенскиот град Пољана. Водата го поплавила патот каде што возачот бил заглавен во автомобилот среде порој.
– Фала му на Бога, ја спасивме госпоѓата. Во близина се нашле двајца алпинисти. Госпоѓата е безбедна, има голема среќа што го преживеала овој хорор – изјавил еден од спасувачите Јасмин Бајректаревиќ кој опишал што се случило со порталот Корошка Чвек.
– Мислам дека сите бевме по малку во шок. Госпоѓата викаше за помош од автомобилот, а ние брзо реагиравме бидејќи сфативме дека пожарникарите не можат да стигнат до нас – додаде тој.