ВИДЕО Први снимки од дрон од пожарот во дивата депонија Вардариште

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Вардариште. Според првичните информации, поради безбедносни причини исклучени се далеководите кои ги снабдуваат со електрична енергија делови од Аеродром и Лисиче.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, изјави дека во моментот на терен интервенираат 13 пожарникари со 5 противпожарни возила.

4NEWS објави снимки од дрон, на кои се гледа голем дел од депонијата дека е опожарена, но и дека големи облаци чад се шират кон околните населби.

Екипите се уште се на терен и се прават напори пожарот да се локализира.