ВИДЕО Први снимки од местото каде попладнево се пукаше во Куманово

На социјалните мрежи попладнево излегоа првите снимки од местото на пукањето во Куманово.

Според информациите, пукано е во доктор З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и истиот е пренесен во кумановската болница.

„Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош“, велат од МВР.

ФОТО: Радио Бум

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.