На социјалната мрежа Икс се појави видео од трговски центар во Перу каде таванот се урна врз посетителите и уби најмалку три лица, а 79 се повредени.
На местото на настанот има повеќе од 200 полицајци кои заедно со спасувачите ја пребаруваат областа под урнатините за да ги спасат затрупаните луѓе.
Засега е потврдено дека три лица го загубиле животот во падот на таванот, но властите стравуваат дека бројката може да биде поголема.
На видеото се гледа како спасувачите ја пребаруваат областа и цело време се слуша глас кој се обидува да ги повика затрупаните луѓе.
Este es el preciso momento en que nuestra @PoliciaPeru y @cgbvpoficial trabajan en el rescate de las víctimas atrapadas entre los escombros.
Más de 200 policías y bomberos realizan labores de búsqueda. Hay tres fallecidos hasta el momento. pic.twitter.com/jZsEXzDXGo
— Ministerio del Interior 🇵🇪 (@MininterPeru) February 22, 2025
„Во Реал Плаза длабоко жалиме што се случи во нашиот трговски центар во Трухиљо и изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Исто така, изразуваме апсолутна поддршка на сите нивни семејства и на повредените во оваа несреќна несреќа“, изјави портпаролот на трговскиот центар „Реал Плаза“.
Нагласија дека работат со надлежните и се приклучуваат во спасувачките напори, како и даваат поддршка на сите повредени граѓани.
„Покрај тоа, во знак на жалост и солидарност со жртвите, одлучивме денеска, сабота, 22 февруари, сите наши трговски центри да останат затворени низ целата земја“, додаваат оттаму.
Тие исто така истакнаа дека се тука да пружат помош на сите на кои им е потребна. Истрагата е во тек.
Сведокот слушнал бучава
Очевидци на местото на настанот велат дека слушнале голем удар непосредно пред да се урне покривот.