Свет

ВИДЕО: Се шири словенечка реклама, Меланија Трамп во интересна улога

ВИДЕО: Се шири словенечка реклама, Меланија Трамп во интересна улога

Со реизборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави големо внимание привлече и Меланија Трамп. Корисниците на социјалните мрежи влегоа во рака на стара телевизиска реклама во која Меланија Трамп ја игра претседателката на Словенија.

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Меланија Трамп е навикната да се појавува во медиумите. Својата манекенска кариера ја започна со освојување на второто место на изборот за Мис Словенија во 1992 година, а потоа патувањето ја однесе во Милано и Њујорк, каде што го запозна и Доналд Трамп. Во текот на животот, Меланија се појави и во многу телевизиски реклами.

Корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија рекламата во која Меланија глуми претседателка.

Во рекламата, Меланија Трамп прво ја поздравува делегацијата и новинарските екипи при излегувањето од авионот, а потоа влегува во автомобил во придружба на чувари и се подготвува за инаугурацијата. На крајот ја гледаме како полага заклетва како нов претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни