Свет

ВИДЕО: Се сруши авион Боинг 737-500 кој полета од Џакарта – снимен драматичниот пад на вистината

Се сруши авион Боинг 737-500 кој полета од Џакарта, Индонезија.

Видеото објавено на Твитер покажува како изгледало драматичното губење на висината на авионот на популарната страница FightRadar.

Тој, наводно, се спуштил повеќе од 3.000 метри за помалку од 60 секунди.

Компанијата соопшти дека во моментов собираат повеќе информации за летот пред да излезат во јавноста. Овој авион прв пат полета во мај 1994 година.

По првите информации дека во урнатиот Боинг 737-500 има 59 патници, се појави информација дека ги има повеќе – 122.

Властите во Индонезија започнаа потрага по падот на авионот северно од Џакарта.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни