На улицата Тодор Колаоров, односно кај Клиничката болница во Штип се случи сериозен инцидент кога потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили.
На фотографиите од местото на настанот се гледа дека големи бетонски блокови земја и камења предизвикале значителна материјална штета врз најмалку две патнички возила.
Срушената конструкција речиси целосно покрива еден бел автомобил марка „Шкода“, додека врз друго црно возило е падната метална ограда.