Снимка од жена која на улица сретнала шест преслатки кучиња од расата корги стана вирален хит на TikTok, собирајќи повеќе од 19 милиони прегледи.
@knottynelly I didn’t know I would end my day like this Driving home, stumbling upon a pack of pups, I walked them back to their home and adopted Maple afterward #puppydistributionsystem #puppy #corgi #welshcorgi #corgipuppy ♬ original sound – KnottyNelly
„Не знаев дека вака ќе ми заврши денот“, напиша корисничката @knottynelly во описот на видеото, објаснувајќи дека се враќала дома од работа кога налетала намали кучиња. Станувало збор за кучиња од блиска фарма, кои таа потоа ги вратила кај нивните сопственици, а едно од нив решила да го вдоми. На крајот од снимката се прикажани фотографии од кучката Мејпл, која станала нов член на нејзиното семејство.
Според Американскиот кинолошки сојуз (AKC), велшкиот корги е една од најомилените раси на кучиња во Америка, пренесува Newsweek. Во 2024 година се најде на 15. место по популарност, откако во претходните две години беше на 11. место.
AKC го опишува коргито како мало, но силно и енергично овчарско куче, со пријателска и приврзана природа. Иако се ниски – високи од 25 до 30 сантиметри и тешки од 12 до 14 килограми – тие се брзи, подвижни и создадени за напорна работа.
Корги кучињата се интелигентни, разиграни и добро реагираат на дресура, но нивниот овчарски инстинкт ги прави неустрашиви, независни и одлични чувари. Најдобро се снаоѓаат во активни семејства кои можат да им пружат внимание и друштво. За возврат, тие нудат непоколеблива оданост и љубов.
Читај и ова:
- 1.Зеленски: Украина ја зголемува употребата на оружје со долг дострел и санкциите против Русија
- 2.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 3.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година
- 4.Финансиските друштва со рекордни 150 милиони евра кредити кон населението
- 5.Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот – Трамп: Ова е невидено, знаеме што следи