ВИДЕО Се запали автобус со 21 патник, патувал од Бугарија за Турција

Автобус со 21 патник, кој патувал од Бугарија кон Измир, вчера целосно изгорел на платото на граничниот премин Капикуле. За среќа, нема повредени.

Според очевидци, возилото за кратко време било зафатено од силен пожар. Возачот веднаш го запрел автобусот и организирал брза и безбедна евакуација на сите патници.

„Автобусот за неколку минути се претвори во огнена топка“, изјавија сведоци.

На местото на настанот интервенирале противпожарните екипи кои го изгаснале пожарот и спречиле понатамошно ширење на огнот.