Македонија

ВИДЕО Се запали автомобил кај кружниот тек во Влае

ВИДЕО Се запали автомобил кај кружниот тек во Влае

Инцидент со запалено возило попладнево го вознемири сообраќајот во скопската населба Влае, откако автомобил се запалил во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“.

Според првичните информации, пожарот избувнал додека возилото се движело во правец кон населбата Ѓорче Петров, по што на терен веднаш интервенирале екипи на противпожарната бригада.

Од Министерство за внатрешни работи за „360 степени“ потврдија дека во инцидентот нема повредени лица, но најавија дека повеќе детали за причините и околностите ќе бидат соопштени во текот на денот.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот, а надлежните служби работат на расчистување на случајот. Инцидентот привремено го отежна сообраќајот во овој дел од градот, кој е еден од пофреквентните во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни